Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата „Отворено“ на „24 Вести“ изнесе грст навреди и омаловажувања кон граѓаните кои три дена протестираа против загадувањето од депонијата Дрисла и информациите произлезени од општината Струга дека склучиле договор со ова скопско претпријатие за депонирање на струшкиот отпад во Скопје.
На мета на недоличниот говор се најдоа и советниците од опозицијата кои ги нарече „политички хохштаплери“ затоа што се противеле на таквата намера и информација која произлезе од општината Струга.
Тој ја демантираше општината и соопшти дека ѓубриштето, сепак, нема да заврши во Скопје.
-Срам да им е на совеста, примитивци, полуписмени луѓе, менталната матрица простачка политичка македонска, неписменост, политичко хоштаплерство се дел од зборовите кои ги употреби градоначалникот Шилегов и кои одеа во етерот наменети на советниците од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните од Студеничани и Кисела Вода кои протестираа против загадувањето кое го прави депонијата.