Советот на Општина Центар за седум до десет дена ќе донесе одлука за барањата на пазарџиите од Зелен пазар.
По средбата на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, со пазарџиите, од општината соопштија дека освен што ќе ги разгледаат барањата на пазарџиите, пред да донесат соодветно решение ќе разговараат и со Скопски Пазар, но и со жителите од околината на пазарот.
На вчерашната средба со Богдановиќ присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и
директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.
Пазарџиите побараа од градоначалникот да ја преиспита одлуката за зголемување на цената на паркингот околу пазарот. Сега еден час паркинг чини 70 денари, а цената на месечната карта од 800 е зголемена на 1.500 денари.
Во нивните барања пазарџиите наведуваат дека е неопходно:
1. Да се реши проблемот со дивите трговци околу пазарот
2. Да се тргне забраната за влез на комбиња бидејќи им требаат за дотур на роба
3. Првиот час паркинг да е бесплатен или со симболична цена за да живее пазаротБ
Барањата на пазарџиите ќе бидат разгледувани на наредната седница на Советот на Општина Центар.