Скопје

За брзо возење казнети 120 возачи во Скопје

За брзо возење казнети 120 возачи во Скопје

Вкупно 120 возачи во Скопје возеле со поголема брзина од дозволената во изминатото деноноќие, покажуваат податоците од дневниот билтен на СВР Скопје.

Тринаесет возачи користеле мобилен телефон додека возеле, а на црвено светло на крстосница поминале осум возачи. Двајца не застанале на пешачки премин за да им дадат предност на пешаците, еден неправилно престигнал друго возило, а двајца не дале првенство на минување на возила на крстосница.

Во изминатите 24 часа на подрачјето на главниот град се случиле вкупно 11 сообраќајки од кои во две со тешки телесни повреди се здобиле четири лица, а во пет со лесни телесни повреди биле осум лица. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени и 14 возачи кои возеле пред да се стекнат со право за управување со моторно возило, тројца возачи почетници, како и 13 кои возеле со истечена сообраќајна дозвола и тројца чии возила биле неисправни.

За непрописно паркирање изречени се 251 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.