Скопје 07. декември 2018. / 16:20

Вработените во Клинички центар ќе плаќаат поскап паркинг

Вработените во Клинички центар ќе плаќаат поскап паркинг

Вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе плаќаат двојно поскап паркинг. Од 350 денари месечен надомест, според предлогот на ЈП Градски паркинзи, цената се зголемува на 800 денари. Советот на Град Скопје во понеделник треба да гласа за предлогот на јавното претпријатие.

Дел од докторите и останатиот медицински кадар на Клиниката реагираат на ваквата предлог – одлука, со оглед на тоа што за нив нема ниту посебен паркинг простор, тие мораат да се снајдуваат во сообраќајниот хаос на Клиничкиот центар, каде што изградбата на катна гаража остана само на најава, а и покрај ова, цената за паркингот се зголемува.