Скопје 27. мај 2020. / 11:05

„Водовод и канализација“ отпишува камати: Должниците ќе може да ги платат долговите на рати

„Водовод и канализација“ отпишува камати: Должниците ќе може да ги платат долговите на рати

Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна, односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Согласно одлуката, како што соопшти, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.

Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на [email protected] и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/ – информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.