Скопје 26. февруари 2021. / 13:30

(ВО ЖИВО) Започна протестот за осудените во случајот „Монструм“

(ВО ЖИВО) Започна протестот за осудените во случајот „Монструм“

Во тек се протестите за случајот „Монструм“.

Протестниот марш започна од паркот Чаир, а треба да заврши пред Владата на Република Македонија.

Учесниците во протестот се движат под слоганот „Слобода и правда“.

Граѓаните повторно порачуваат судот и другите надлежни институции да ја утврдат вистината и да ги казнат вистинските виновници за случајот познат и како „Монструм“.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.