Скопје 07. април 2019. / 13:44

Во “Вардариште” откриени заразни болести

Во “Вардариште” откриени заразни болести

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во саботата го затворија стационарот „Вардариште” поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењетон констатирани со извршената контрола на 19 март годинава. Исто така, забрането е и заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена.

Во овој временски период ќе се заловуваат и во стационарот ќе се прифаќаат само кучињата кои каснале човек, односно само по поднесена претставка до АХВ – велат од Агенцијата.

Ветеринарите, наредиле и спроведување мерки за темелна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во стационарот во рок од пет дена пред негово повторно отворање.

Инаку, АХВ изврши надзор над работењето на стационарот на 19 март годинава при што беа констатирани пропусти во работењето.

Во дворот на стационарот беа затекнати кучиња излезени од кафезите и животни кои во стационарот влегле однадвор преку оштетената ограда – наведуваат од АХВ.

Со контролата утврдено било и дека не е воспотавена ниту целосна контрола на влезот и излезот во прифатилиштето, а дел од кафезите не ги исполнувале условите за благосостојба и хигиена, односно не биле соодветни за сместување на заловените кучиња.

Спротивно на законот, во стационарот е утврдено присуство на кучиња без мајка, односно животни со несоодветна возраст помали од шест месеци – информираа од АХВ.

Дел од заловените животни биле со нарушено здравје и присуство на болести.

Животните во прифатилиштето се сместени во исти простории со здравите животни, бидејќи не постои посебна просторија – карантин наменета за лечење на болните и за опоравување на животните кај кои се извршени хируршки интервенции. Не работи и комората за одлагање на угинатите животни, а пред ламелите на кафезите не сe поставени листите за хигиена со информации за тоа кога е извршено чистење и со кои средства се спроведени мерките за дезинфекција, дератизација и дезинсекција – стои во соопштението од АХВ.

За констатираните недоследности на 19 март, како што велат од АХВ, надлежните од стационарот потоа постапиле по наложените корективни мерки