Скопје 29. јуни 2018. / 11:08

Во Скопје полицијата казнила 15 пешаци зашто не поминале улица на пешачки премин

Во Скопје полицијата казнила 15 пешаци зашто не поминале улица на пешачки премин

Полицијата вчера казнила 15 пешаци затоа што преминале улица надвор од обележан пешачки премин, а тројца затоа што поминале улица на црвено светло.

Покрај ова, соопшти МВР, во текот на вчерашниот ден казнети се и 52 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени и 23 возачи од кои 18 возачи возеле без дозвола, а петмина биле возачи почетници. Тројца возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица затоа што не дале првенство на минување на пешаци и седуммина возачи поради тоа што не носеле кацига.

Исто така, исклучени од сообраќај биле и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози, додека 81 возило е подигнато со специјално возило „пајак“.