Скопје 28. февруари 2020. / 13:06

Во Скопје ќе има ново невреме со ветер со брзина до 80 километри на час

Во Скопје ќе има ново невреме со ветер со брзина до 80 километри на час

Општина Карпош информираше дека постои најава за посилен ветер во попладневните часови со брзина до 80 километри на час. Информациите ги добиле од УХМР.

Оттука, тие апелираат граѓаните да бидат на безбедно и засолнети, да не ги паркираат возилата под дрвја, да пријават евентуални штети до општина/полиција и да не шират паника.

Ветерот кој друваше со брзина од 100 километри на час пред два дена, предизвика материјална штета и едно лице беше повредено.