Скопје 26. јуни 2020. / 16:04

Во Скопје дури 70 новозаболени, Чаир и натаму најпогодена општина

Во Скопје дури 70 новозаболени, Чаир и натаму најпогодена општина

Во последните 24 часа се направени 1.074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Kовид-19,  од кои дури 70 се во Скопје.

Истовремено, борбата со болеста ја загубија двајца пациенти од Скопје. Во ГОБ „8 септември“Спочина 71-годишен пациент, хоспитализиран на 15 јуни и 83-годишна пациентка хоспитализирана на 23 јуни.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 421

• Аеродром – 143

• Бутел – 139

• Гази Баба – 149

• Центар – 125

• Карпош – 125

• Сарај – 139

• Кисела Вода – 107

• Ѓорче Петров – 88

• Студеничани – 95

• Шуто Оризари – 76

• Арачиново – 53

• Илинден – 30

• Петровец – 18

• Чучер Сандево – 17

• Сопиште – 12

• Зелениково-2

• Странец – 3

• Нераспределен-51

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 5.758, бројката на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.284.