Градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе го врател сјајот на езерото Треска. Тоа е ветено во неговата програма за живот во Скопје на страница 28. Пред локалните избори Петре Шилегов вети и напиша “ревитализацијата на комплексот „Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка. Заради подобра достапност на Центарот „Треска“, ќе го интензивираме градскиот јавен превоз на градот, потсетуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму објаснуваат дека три години потоа езерото Треска е руинирано, зафрлено, и без ниту една инвестиција за негово ревитализација.
Срамен потсетник на тоа колку Шилегов е неспособен и лажлив градоначалник. Петре Шилегов единствено се грижи од депонијата „Дрисла“ тендери да земаат роднините на Рашкоски без притоа да инвестира во развојот на животот на Скопјани. Три години по ветувањето за ревитализација на Треска тоа е зафрлен споменик на најнеспособниот градоначалник на Скопје, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека Шилегов вети враќање на духот на Скопје, но, како што велат, тој го убива духот на градот.
Езерото Треска не само што не е чепнато туку е и небезбедно за случајните посетители. Шилегов веднаш да превземе мерки и инцијатива за реализација на ветеното, бараат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.