Скопје 16. април 2018. / 22:43

Влатко Васиљ: Граѓаните бараат да се воспостави ред а бегаат од одговорност

Влатко Васиљ: Граѓаните бараат да се воспостави ред а бегаат од одговорност

Влатко Васиљ, познатиот твитерџија и вработен во кабинетот на Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на неговиот фејсбук профил објави инспиративен натпис околу избегнувањето на одговорност од страна на граѓаните, кои според него, бараат да треба да се воспостави ред а кога ќе дојде до момент да преземат одговорност ги нема нигде.

Постот на Васиљ веројатно се однесува на Град Скопје и секојдневните проблеми со кои се соочува администрацијата на Шилегов.

Инаку покрај неговата активност како онлајн инфуелсер, Васиљ беше истакнат активист на Шарената Револуција и долгогодишен критичар на претходната власт.