Скопје 18. октомври 2018. / 17:39

(Видео) Зградата кај Мајчин Дом ќе се гради, вели инвеститорот Фатмир Етеми

(Видео) Зградата кај Мајчин Дом ќе се гради, вели инвеститорот Фатмир Етеми

Инвеститорот на идната 9.катница кај „Мајчин дом“ вели дека иградбата ќе продолжи. Фатмир Етеми вели дека и покрај моменталната забрана издадена од општината работите ќе продолжат бидејќи ги имал обезбедено сите потребни документи за реализација на проектот, пренесува Канал 5.

Инспекциските служби минатата недела издадоа привремена забрана за продолжување на градбата, а градоначалникот Златко Марин рече дека ќе бара трајна забрана и дека ќе преговара со инвеститорот околу за можно обештетување на трошоците од „околу 5 до 6 милиони евра“ колку што го чинело инвеститорот купувањето на плацот и дополнителните трошоци.

Од Стопанската комора за северо-западна Македонија денеска застанаа во одбрана на правата на инвеститорот Етеми.