Скопје 17. јуни 2020. / 22:56

(ВИДЕО) Жена во Кисела Вода се онесвестила додека се обидувала да ги запре багерите да ја урнат нејзината куќа

(ВИДЕО) Жена во Кисела Вода се онесвестила додека се обидувала да ги запре багерите да ја урнат нејзината куќа

„Не ја давам ниту куќата, ниту имотот. Не давам да рушат, сето ова, овде е мое. Имам две тапии и куп документи, не може да градат“, изјави за А1он Силвана Ивановска на која и се слошило во моментот кога багери на градежна фирма дошле да ја рушат лепенката до нејзината куќа, во населбата Кисела Вода.

На улицата Димо Хаџи Димов, се случувала вистинска драма. Соседите не дозволувале багерот да ја урне куќата каде што треба да се гради станбена зграда.

Екипа на Брза помош, отишла на местото за да и помогне на жената која што се онесвестила, а друга екипа на полицијата се обидувала да ги смири двете раскарани страни.

Градежните работници пред камерата на „А1он“ покажаа дека имаат решение за рушење на куќата, а пред објектот имаше и табла со одобрение за градба, податоци за изведувачот и инвеститорот.

Сепак семејството Ивановски тврди дека тие документи се фалсификат, а за рушењето требало да имаат и согласност од нив кои живеат во куќа- лепенка до објектот што треба да се изгради.

„Од Општината ни велат дека не требало согласност за рушење, но колку што сме запознаени со законите кои важат во оваа држава , тој без наше одобрение не смее да руши. Нема да го дозволиме тоа. Куќата ќе ни се распука. Син ми веќе е во Општина Кисела Вода, ги имаме сите документи, а ако треба нашите права ќе ги бараме и пред суд“, вели Стева Ивановска за А1он.

Градежните работници по денешниот настан се повлекоа од објектот за уривање, но следната недела треба да продолжат со работа и ќе побараат полициска асистенција при изведувањето на работите на терен.

Од Општината Кисела вода, велат дека инвеститорот што треба да гради ги има сите документи, елеборати и дозволи, но тие сепак на барање на соседите решиле да го стопираат изведувањето на градежните работи за да извршат увид уште еднаш во документацијата дадена при одобрение за градба.

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.