Скопје 21. јануари 2021. / 16:14

(ВИДЕО) Запалени три контејнери во Дебар Маало: Оштетено паркирано возило

(ВИДЕО) Запалени три контејнери во Дебар Маало: Оштетено паркирано возило

Непознати сторители денес запалија три контејнери поставени во Дебар Маало, при што е предизвикана голема материјална штета.

Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се прошири кон околните објекти и возила.

Во наредниов период уништените контејнери ќе се заменат со нови.

Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена.

Во пожарот на улицата „Наум Наумовски Борче“, оштетено е едно паркирано возило, пренесе А1он.