Скопје 05. март 2019. / 21:29

(ВИДЕО) Ужас: Плафон од тоалет паднал во студентскиот дом „Стив Наумов“

(ВИДЕО) Ужас: Плафон од тоалет паднал во студентскиот дом „Стив Наумов“

Студенти од студентскиот дом „Стив Наумов“ на Фејсбук објавија дека, вчера вечерта, паднал плафон од тоалет.

Откако се случил инцидентот, вработените од домот ги запреле вентилите ја промениле санитаријата и ветиле дека до утре тоалетот ќе биде саниран. Според изјавите на студентите плафонот е граден неквалитетно од гипс и трска и не може да издржи повеќе од три години. Tие ги повикаат надлежните од ресорното министерство да реагираат на време.