Скопје 25. јануари 2021. / 20:30

(ВИДЕО) Трајановски: За проектите што Шилегов ги заврши, му оставив готова комплетна документација

(ВИДЕО) Трајановски:  За проектите што Шилегов ги заврши, му оставив готова комплетна документација

Поранешниот градоначалник на Скопје, а сега член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски во гостувањето во Филибастер на Радио Лидер говореше за проектите кои ги остави или изготвени или во фаза на изготвување во 2017 година кога на функција дојде сегашниот градоначалник Петре Шилегов.

„Му оставив полна каса пари, милијарда и 250 милиони денари или околу 21 милион евра и дополнително 4 милиони евра кои се побарувања од Влaдата за учеството за изградбата на спортската сала Борис Трајковски. Прибира некаде околку 35 до 40 милиони евра, од тие веќе 25 милиони му оставивме во касата. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проети во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти“, рече Трајановски.

Тој вели дека Шилегов и ништо да не работел, администарцијата ќе можела да ги заврши тие проекти, како што впрочем вели во овој период биле завршени токму тие проекти коишто биле оставени.

„Во прво време велеше дека Трајановски не ми остави никакви проекти, па после извесно времерече да остави, но не се добри, на крајот излезе дека по тие проекти ги распиша тие тендери и ги заврши. Немаше шанси да ги заврши ако не беа тие проекти готови“, рече Трајановски.

Тој праша кој проект е на Шилегов од почетокот до крајот, од идеја, идејно решение, основен градежен проект, тендер и изведба.

„Овие што ги заврши се проекти на коишто јас му оставив готова комплетна документација“, рече Трајановски.

Целото интервју погледнете го на следниот ЛИНК.