Скопје 11. јануари 2021. / 17:13

(ВИДЕО) Шилегов платил 1 милион евра за чистење на снегот кој не падна!

(ВИДЕО) Шилегов платил 1 милион евра за чистење на снегот кој не падна!

Во утринскиот поткаст на Радио Лидер ФМ 107,4 се говореше за вчерашната изјава на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој изјави дека годинава градот успешно го исчистил снегот. Во прилог ви ја пренесуваме емисијата.

Многумини ни велат: „Премногу сте опозициски, премногу ја критикувате нашата Влада“ и еве конечно најдовме причина да ги пофалиме нашите власти особено градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Петре Шилегов оваа зима одлично се справи со снегот. Тој се расчистува и снег нема. Многумина се прашува зошто нема снег во Скопје? Тоа не е бидејќи не врне, туку едноставно градот толку многу е посветен на својата работа и градот го чисти овој снег.

Вчера градоначалникот на Скопје на неговиот Фејсбук профили дека „четврта година по ред градските служби го дочекуваат првиот во Скопје целосно подготвени. Главните пешачки зони, градските улици и булевари се чистат во исклучително кратки рокови, а општините ги чистат помалите улици кои се во нивна надлежност. Меѓутоа одржувањето на градот е колективна одговорност. Затоа, сите граѓани и куќни совети се должни да ги исчистат приодите до нивните згради или дуќани“, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.

Навистина, квалитетите на градоначалникот Петре Шилегов се огромни. Квалитетите на општинската власт се огромни. Квалитетите кога треба да се чисти снег КОЈ НЕ ПОСТОИ.
Навистина е трагично ова да се прочита да се прочита од профил на градоначалник – човек кој е платен со државни, наши пари, има огромен буџет, ако не лажам, буџетот од 100 милиони евра на Град Скопје кој успеа да се справи со снегот.

Не знам дали знаете, почитувани слушатели, за чистењето на овој снег Град Скопје веќе плати еден милион евра. Ова не е џабе. Градот склучи договор со компанијата Аполо Инженеринг во вредност од еден милион евра за зимските сезони 2019/20 и 2020/21 оваа компанија да го чисти снегот во Град Скопје.

Компанијата ги зема овие пари, а ланската година немаше работа, ниту пак имаше работа оваа година освен во некој имагинарен свет на Петре Шилегов. Замислениот снег е многу успешно исчистен почитувани слушатели, парите се земени, а ВИЕ сте ограбени.

Текстот на Лидер од лани, во кој го откривме овој скандал ид 22 јануари лани

64.900.000,00 денари е договорот кој Петре Шилегов го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за оваа и наредната зима – покажуваат документите до кои стигна „Економски Лидер“.

Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво (имаш ова во договорот прилог), се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво.
Само за првите два месеца (15ти Ноември 2019 до 15ти Јануари 2020) Петре Шилегов кон фирмата добитник на тендерот исплаќа околу 263.000 евра или околу 16.225.000 денари а за истиот овој период фирмата има реални трошоци од нула денари.

Снег годинава не видовме. Според временските прогнози снег нема да има и до крајот на оваа зима (15 Март согласно договорот на Шилегов) и тоа ќе значи дека оваа зима фирмата добитник на тендерот ќе добие на сметка над 500.000 евра. Значи над половина милион евра за ништо, за скоро нула денари трошок.

Доколку и следната зима има временски услови како оваа зима фирмата Аполо Инженеринг со која Петре Шилегов склучи договор ќе инкасира над 1.000.000 евра (64.900.000 денари) а при тоа имала минимални трошоци. Во превод чист милион евра во џеб.

Очигледно е дека Шилегов се грижи за интересите на приватните фирми наместо да ги зајакнува капацитетите на јавните претпријатија под капа на град Скопје.

-Носител на зимската служба во градот Скопје е ЈП Улици и патишта, основано од Град Скопје. Ова претпријатие има многу стара механизација, поготово камиони кои се потребни за расчистување на снегот. Преку 40 години е старост на најголем дел од камионите.

-Механизацијата која ја користи фирмата добитник на тендерот за расчистување на снег во зимски услови е исто така стара, најголерм дел од возилата се со старост над 15 години, најголем дел донесени од Велика Британија, со цена не поголема од 30 000 евра за едно возило. Во превод со парите кои ќе ги добие од овој договор Аполо инженеринг може да си купи уште 30 возила за расчистување на снег.

-Доколку Петре Шилегов се грижи за буџетот на граѓаните со кој располага и за кој има законска одговорност и доколку се грижи за градските скопски јавни претпријатија овие средства од 64.900.000 денари ќе ги наменеше за градските служби, со овие средства одговорното претпријатие за одржување на улиците во услови на снег – ЈП Улици и патишта, можеше да купи 10 целосно нови современи камиони за расчистување на снег. И со ова градот Скопје ќе имаше нова, современа и стабилна механизација за расчистување на снег и при тоа ќе беше во негова сопственост.

Следува логичното прашање: Зошто Петре Шилегов повеќе се грижи за благосостојбата на една приватна фирма и длабокиот џеб на нејзиниот сопственик отколку за подобрување на состојбата и стабилизирање на градските претпријатија на чие чело стои токму Шилегов ?
Зашто градоначалникот на Град Скопје не се грижи за подобрување на состојбата и квалитетот на улугите кои ги испорачуваат јавните градски претпријатија чиј основач е Градот Скопје ?

Во прилог и договорот кој Шилегов го потпишал со оваа компанија: