Скопје 24. септември 2020. / 00:48

(ВИДЕО) Само во С. Македонија: По полноќ работници градат зграда во скопски Мичурин!

(ВИДЕО) Само во С. Македонија: По полноќ работници градат зграда во скопски Мичурин!

Вечерва по полноќ градежни активности се одвиваат во скопски Мичурин и со бучава ги вознемируваат жителите на овој познат дел од главниот град на Република С. Македонија.

Ова го потврдува и видеото кое до редакцијата на „Економски Лидер“ го доставија вознемирени граѓани кои не можат да спијат од бучавата.

-Се вратив од втора смена на работа и без затекнат од огромата бучава од градежните машини. Ги прашав работниците зошто градат по полноќ, а тие ми рекоа „Касно ни стигна бетонот“. Ова е неверојатно за град кој претендира да биде престолнина на европска држава. Ново никнатата зграда ја следат серија на скандали, затоа што го блокира и патот до домот на неколку семејства кои живеат тука 70 години. – вели незадоволен Мичуринец за Лидер.


Градењето доцна навечер значи кршење на многу закони во нашата земја, но, очигледно е дека инвеститорите имаат добри релации со општинската власт, која неретко во вакви случаи се скрасува со станови за функционерите.