Скопје 18. август 2019. / 22:55

(ВИДЕО) Пожар над населбата Усје

(ВИДЕО) Пожар над населбата Усје

Нов пожар изби во главниот град, сега над скопската населба Усје, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата Припор.

Дел од пожарот е локализиран, но се уште гори над Усје, каде се противпожарните екипи, кои заедно со месното население се обидуваат да го спречат огнот да се прошири кон населените места.

Противпожарната единица на Град Скопје на Фејсбук објави видео од пожарот кој се уште е активен.