Скопје 13. May 2019. / 10:11

(ВИДЕО) По неуспешната проба, Шилегов се пофали дека знае да вози „сегвеј“

(ВИДЕО) По неуспешната проба, Шилегов се пофали дека знае да вози „сегвеј“

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по првичниот неславен старт и проблемите со одржувањето на рамнотежа при управувањето на „Сегвеј’, сепак успеа да се одржи и да сврти некое кругче низ скопските улици.

Дека добро го совладал возењето на „сегвеј“ Шилегов се пофали и на Фејсбук.

По почетното привикнување, за првпат на Сегвеј (еколошки двотркален самобалансирачки транспортер), напиша Шилегов и сподели видео на кое се гледа дека поминал низ добра обука.