Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по првичниот неславен старт и проблемите со одржувањето на рамнотежа при управувањето на „Сегвеј’, сепак успеа да се одржи и да сврти некое кругче низ скопските улици.
Дека добро го совладал возењето на „сегвеј“ Шилегов се пофали и на Фејсбук.
–По почетното привикнување, за првпат на Сегвеј (еколошки двотркален самобалансирачки транспортер), напиша Шилегов и сподели видео на кое се гледа дека поминал низ добра обука.