Скопје 03. октомври 2020. / 15:03

(ВИДЕО) Пазарниот инспекторат ќе го затвори барот Мош, по журката со Владо Ѓеоргиев

(ВИДЕО) Пазарниот инспекторат ќе го затвори барот Мош, по журката со Владо Ѓеоргиев

Пазараниот инспекторат со решение ќе го затвори популарен бар во центарот на Скопје, каде во периодов се одржуваа забави без почитување на протоколите.

Директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски,  вели дека се работи за локалот Мош, каде синоќа се одржувал и концерт на познатиот црногорски пејач, Владо Ѓеоргиев.

На сопственикот на барот му е поднесена кривична пријава, а од претходно инспекторатот издадал и решение за затворање на објектот.

Пауновски за Фактор испратил и видео од кое се гледа прекршување на сите протоколи за заштита од корона вирусот.