Скопје 27. јануари 2021. / 09:52

(ВИДЕО) Нелоски: Ќе има одговорност за бетонизацијата на Скопје

(ВИДЕО) Нелоски: Ќе има одговорност за бетонизацијата на Скопје

Утрово гостин во емисијата „Утро со Златев“ беше гостин членот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски. Со него најмногу се зборуваше за локалните политики на територија на Град Скопје, но и за актуелната политичка ситуација во државата.

– Ние во овој момент де факто гледаме тотална бетонизација на Карпош, Ѓорче Петров, општина која никогаш не била атрактивна за градежната мафија, Кисела Вода без градежна дозвола почнуваат да градат згради, вели Нелоски во гостување на Радио Лидер.


Нелоски смета дека многу луѓе се иселуваат бидејќи не им се допаѓа животот во главиот град. Тој вели дека за целата бетонизација во Скопје мора да има одговорност.

– Не може веќе да се замижува ова, додаде Нелоски.