Скопје 13. април 2020. / 20:47

(ВИДЕО) Контејнерите се празнат, сметот на улиците никој не го чисти

(ВИДЕО) Контејнерите се празнат, сметот на улиците никој не го чисти

По 61-часовниот полициски час Скопје осамна преплавено во отпад, преполни контејнери несобран смет и ѓубре по улиците.

Вработените на претпријатието „Комунална хигиена“ не беа изземени од посебните мерки на Владата за движење по 16 часот, па работеа само прва смена.

Портпаролката на ЈП „Комунална хигиена“ изјави дека од денеска се работи во две смени односно до 21 часот и состојбата со вонредното количество отпад од изминатиов викенд денес ќе се нормализира.

На социјалните мрежи се појави видео од тоа како навистина се расчистува сметот. Навистина се празнат контејнерите, но сметот околку нив останува недопрен.

Во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, Шилегов рече дека преполните контејнери се веќе минато и дека нормално ќе работи третата смена на „Комунална хигиена“, но од видеото споделено на „Твитер“ се гледа дека контејнерите навистина се празнат но никој не го чисти ѓубрето на улиците крај контејнерите.