Скопје 28. декември 2020. / 23:53

(ВИДЕО) Групирање на повеќе од 4 лица е забрането, ама затоа во „кластер ЈСП“ е дозволено

(ВИДЕО) Групирање на повеќе од 4 лица е забрането, ама затоа во „кластер ЈСП“ е дозволено

На социјалните мрежи секојдневно се споделуваат фотографии и видеа од јавниот градски превоз во Скопје од кои станува јасно дека не се почитуваат анти-ковид мерките.

Видео објавено во вторникот уште еднаш го потврдува тоа дека очигледно во јавниот превоз засега невозможно е да се оддржува дистанца, најмалку од таа пропишаната од 2 метри растојание.

Наместо тоа граѓаните иако се збиени еден во друг продолжуваат да се качуваат во веќе преполниот автобус.