Скопје 09. октомври 2018. / 19:06

(Видео) Гневните граѓани од Аеродром се обидоа самите да ја урнат оградата на градилиштето близу „Мајчин Дом“

(Видео) Гневните граѓани од Аеродром се обидоа самите да ја урнат оградата на градилиштето близу „Мајчин Дом“

За време на протестот во општина Аеродром, против изградбата на висококатница пред „Мајчин дом“, гневните граѓани почнаа да удираат по лимената тараба поставена на земјиштето каде што почнаа градежните активности.

Полициски екипи пристигнаа на местото за да спречат поголеми инциденти.

Неколку стотина граѓани на општина Аеродром излегоа на протест каде што го искажаа своето незадоволство од градоначалникот Златко Марин, поради изградба на деветкатницата кај „Мајчин дом“ и покрај ветувањата во предизборната кампања дека доколку биде избран за градоначалник ќе го стопира процесот за изградбата на објектот со кој се уништува зеленилото.