Мерните станици во Скопје изминативе денови покажаа надминувања на дозволеното ниво на загадувачи во воздухот во одредени периоди од денот кои траеле по неколку часа, поради што граѓани реагираа на социјалните мрежи.
Градоначалникот на градот тврди дека податоците од мерните станици не се официјални и смирува дека годинава во Скопје не се измерени вредности над 100 мг на метар кубен канцерогени четички.
Во морето на информации околу загаденоста најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетираше екипата на Лидер велат дека непријатна миризба, гребење во грлото, печење на очите, отежнато дишење се првите симптоми кои ги чуствуваат како индикација дека воздухот кој го дишат е загаден.
За ваквата ситуација одговорни се сите, а вината ја префрлаат на власта критикувајќи ја дека речиси воопшто не вложува во решавање на проблемот кој се провлекува една деценија.