Скопје 16. јули 2018. / 10:44

Ветер од 90 километри на час – детали за силното невреме во Скопје

Во Скопје вчера вечерта дуваше силен ветер со брзина од 90 километри на час. Засега не се пријавени материјални штети.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за МИА информираат дека нестабилното време со дожд и грмежи се движело од северозапад кон Пелагонија и Прилеп.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со услови за краткотрајна нестабилност во северните планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 36 степени, а УВ индексот ќе биде девет.

Во Скопје слично време со температура до 33 степени.