Скопје 30. август 2018. / 22:34

Вечерва се поставува бројчаникот на Порта Македонија

Вечерва се поставува бројчаникот на Порта Македонија

Како што утрово најави, премиерот Зоран Заев започна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија во Скопје.

– Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот, како надомест на штета, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, како што истакна премиерот, е ветување што го дал додека беше во опозиција, барајќи ја поддршката од граѓаните.

Вечерва под силно полициско обезбедување се реализира ова ветување иако не се знае како на само неколку часа од најавата се завршија правните процедури и документи за поставување на бројчаникот.