Скопје 17. јануари 2020. / 18:10

Вандализиран видиковец на врвот на Водно

Вандализиран видиковец на врвот на Водно

Непознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на Водно.

– При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена. Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот – објавија на Фејсбук страницата на Град Скопје.