Скопје 25. ноември 2018. / 10:37

Утрово без вода дел од жителите на Чаир

Утрово без вода дел од жителите на Чаир

Утрово без вода ќе бидат дел од жителите на скопската населба Чаир. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација” Скопје известуваат дека прекинато водоснабдување ќе има од 9:30 до завршување на работните ангажмани.

-Ве известуваме дека на ден 25.11.2018г, поради уличен дефект ф-100мм на ул.Вуковарска 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата и улица и од ул.Струмичка од 09:30ч до завршување на интервенцијата, се вели во соопштението.