Скопје 20. март 2019. / 17:53

Утре поголем дел од Скопје без струја

Утре поголем дел од Скопје без струја

Дел од корисниците од селата Бадар, Петровец, Чојлија, Катлановско Блаце, Кожле, населбата Катланово, објектите на патот за селото Огњаци и тунелот Катланово утре од 8:55 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 9 до 13 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Миладин Поповиќ” во општина Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од селото Батинци лоцирани на улиците со бр. 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7.

Без струја од 9:30 до 14 часот утре без струја ќе бидат дел од жителите на селото Бојане, во горниот дел.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.