Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштуваат дека поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм на ул. Козле 132, утре од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Козле, Кораб, Струшка, Мокра и дел од Јуриј Гагарин.
Поради потребите за санација ќе биде исклучена пумпената станица во Жданец, со што ќе се намали притисокот на вода во населбите Жданец, Трнодол и Нерези.