Од ЕВН информираат дека утре делови од повеќе скопски општини ќе останат без струја поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Без електрична енергија од 08:00 до 15:30 часот ќe останат дел од село Ракотинци, Општина Сопиште, дел од село Кучково и Викенд населбата – Веле Поле во Општина Ѓорче Петров и корисниците од ул. Студеничанска и Училиштето за Богословија Веронаука во Драчево во Општина Кисела Вода.
Од 09:00 до 11:00 без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците: Радњанска, Славка Недиќ и Дане Крапчев во Општина Центар, додека од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Оризари, Мирковци и Голиево. Од 11:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. Китка во Драчево.