Скопје 02. септември 2020. / 09:55

Утре без струја делови од Ѓорче Петров и од Кисела Вода

Утре без струја делови од Ѓорче Петров и од Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Знеполе”, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улцата „95″ во село Волково, корисниците од подулица бр.4 во Ново Село, како и корисниците лоцирани кај спортската сала и кај училиштето во Ново Село, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Воин Драшковиќ, Општина Ѓорче Петров, како и дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов” лоцирани околу агенцијата за обезбедување ОСА, како и корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов” бр.122, 123, 124, 125, 126 и 127, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Беас Куле” и „Гостиварска”, Општина Ѓорче Петров.