Скопје

Три скопски општини утре без струја

Три скопски општини утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Карпош, Бутел и Кисела Вода.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците покрај ул. „Скупи“ и под ул. „22“ во општина Карпош, а од 08:10 до 11.00 часот, Лозарство на Земјоделски факултет во општина Бутел.

Без струја и тоа во периодот од 9:00 до 14:00 часот ќе биде дел од ул. „Борис Трајковски“, објекти од Канал до Цементарница, и на истиот бул. подуличките „11“, „13“, во општина Кисела Вода.