Скопје 03. октомври 2019. / 10:29

Таравари предлага Градска куќа да се пренамени во институција за деца со посебни потреби

Таравари предлага Градска куќа да се пренамени во институција за деца со посебни потреби

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари предлага Градската куќа во центарот на Скопје да биде пренаменета за специјална институција за престој и третман на деца со посебни потреби.

– Барокната зграда, Градска куќа, во центарот на Скопје, идеално место за основање на специјална институција за целодневен престој и третман за деца со посебни потреби! Да ја покажеме нашата искрена заложба за оваа категорија на граѓани! – напиша поранешниот министер за здравство, Таравари на Фејсбук.

Градската куќа деновиве се најде во средиштето на препирките меѓу власта и опозицијата, откако Шилегов ги изнесе своите размислувања, дека зградата којашто требаше да стане нов дом на целата градска администрација, не е соодветна за таа намена и дека е потребна нова локација во центарот на градот. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинија дека зад продажбата на градската куќа има основан сомнеж за криминал.