Скопје 18. мај 2020. / 18:42

Студентите од утре повторно ќе можат да се возат бесплатно со ЈСП

Студентите од утре повторно ќе можат да се возат бесплатно со ЈСП

Од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Посочуваат дека и натаму нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени, истакнуваат од ЈСП Скопје.