Скопје 09. април 2020. / 19:19

Стојановски: Во ек на пандемија општина Ѓорче Петров ќе потроши 180 илјади евра на вработувања

Стојановски: Во ек на пандемија општина Ѓорче Петров ќе потроши 180 илјади евра на вработувања

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека општината Ѓорче Петров во ек на најголема здравствена и економска криза склучила договор за нови привремени вработувања. За таа цел, како што изјави денеска членот на партијата Бојан Стојаноски предвидени се 10.999.960 денари или скоро 180.000 евра.

Според него, овие пари наместо кај граѓаните со цел да се заштити нивниот живот од новиот вирус, ќе „легнат во џебовите на  на партиските војници на СДСМ и на кликата на Александар Наумоски“.

Средствата додава тој, наместо за ривремени партиски вработувања може да бидат искористени за дезинфекција на улиците, училиштата и градинките, јавните површини, местата каде што се даваат административни услуги, а каде што се собираат многу луѓе, може бесплатно да се дезинфицираат влезовите на зградите, може да се направат уште многу нешта кои што би го спречиле ширењето на овој вирус.

 -Крајно расипнички и недомаќински, а и опасно по животот на граѓаните е да потпишувате договори за привремени вработувања од скоро 11 милиони денари за вработување на партиски пајташи на СДСМ кога во буџетот на државата ви недостасуваат над 2 милијарди евра, а во исто време 15.000 угостители да останат без работа, редиците за одјава пред агенцијата за вработување се се поголеми, а бројката на вкупно загубените работни места да биде скоро 160.000 луѓе. Не смее малите и средните претпријатија да се пред колапс, платите во јавната администрација да се кратат, граѓаните во приватниот сектор да се плашат за основната егзистенција, лекарите, полицајците и сите оние кои што се во првите линии во оваа борба да се борат голораки, а Наумоски да вдомува свои партиски кадри со 10.999.960 денари наши пари, вели Стојановски.

Тој информира дека во исто време се трошат 15 милиони денари за привремени вработувања и во општината Гази Баба, скоро 24 милиони денари во општина Бутел, а ЈП Водовод Куманово, градот кој што е жариште на корона вирусот ќе потроши 7.5 милиони денари на партиски вработувања.

-Само во овие четири општини СДСМ за вработување на свои партиски војници ќе потроши скоро 57 милиони денари!, тврди Стојановски.

Тој апелираше набавките да се укинат и средствата да се пренаменат во можности за справување со корона вирусот.

-Александар Наумоски доколку им мисли добро на Ѓорчепетровци треба веднаш да го раскине овој договор и сите 10.999.960 денари до денар да ги пренамени во борбата против корона вирусот!, порача Стојановски.