Скопје 23. март 2020. / 09:10

Со пролетта стигна и првиот снег во Скопје

Со пролетта стигна и првиот снег во Скопје

По дождот и ветерот во текот на ноќните часови од утрово почна да вее снег во Скопје. Конечно и скопјани ќе можат  да уживаат во првиот снег оваа зима.

Врнежи се очекувуваат во текот на целиот ден, а максималната темепратура ќе достигне три степени.

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

До 7 часот најмногу снег наврна во Маврово 11 сантиметри (Маврови Анови), во Пожаране девет, во Лазарополе осум, во Тетово пет, во Крива Паланка четири, во Куманово и во Ѓуриште три, и во Крушево и Берово два сантиметри.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Струмица 18 литри на метар квадратен, Маврово -15, Берово – 13, Лазарополе – 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Дојран – девет, Гевгелија – осум, Штип и Демир Капија – четири, Крушево – три, Куманово, Охрид и Претор – два, и Скопје и Битола еден литар на метар квадратен.