Веќе два месеци лифтот во студентскиот дом „Гоце Делчев не работи. Студентите се организираат да одат на разговор кај директорот, бидејќи како што велат, очигледно нема кој да ги застапува нивните права во студентскиот дом.
Со оглед на тоа дека во домовите живеат и лица со посебни потреби, движењето нив им е посебно отежнато.