Скопје 10. октомври 2019. / 15:16

Скопската зоолошка градина ќе добие „Џурасик парк“

Скопската зоолошка градина ќе добие „Џурасик парк“

Парк со 41 диносаурус во природна големина ќе добие скопската зоолошка градина. Изградбата и уредувањето на Дино паркот започна денеска, а фигурите од праисториските животни се очекува да бидат поставени во месец март.

Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни. Ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а влезот ќе чини 50 денари.

– Посетителите во природна големина ќе можат да видат Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус како и поставки со мали диносауруси. Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни, рече директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).