Скопје 02. февруари 2019. / 09:40

Скопје повторно во топ 5 најзагадени градови во светот

Скопје повторно во топ 5 најзагадени градови во светот

Ова утро Скопје се најде на четвртото место на листата најзагадени градови во светот, според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздух „airvisual“.

На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Бејлинг во Кина.

Сепак, не е само Скопје загаден град. Во текот на ноќта, но и утрово мерните станици покажуваат дека се гушат и други македонски градови во канцероген отров.

Загадено е во Гостивар но и Струмица и Тетово.