Скопје 03. ноември 2019. / 15:45

„Скопје на точак“: Две илјади велосипедисти возеа низ градот

„Скопје на точак“: Две илјади велосипедисти возеа низ градот

Околу 2000 велосипедисти денеска околу пладне возеа низ скопските улици како дел од годинашното втрото издание на „Скопје на точак“.

Организаторот, Сојузот на спортови на Град Скопје се задоволни од настанот, велат „Скопје покажа дека е вело град“.

Велосипедската тура тргна од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк кон трговскиот центат „Сити мол“ каде на учесниците им беа доделени неколку награди.

– Скопје покажа дека е вело град, исто како во минатото. Возењето велосипед ќе им помогне на сите да се грижат за своето здравје и да ја заштитат животната средина, велат од Сојузот на спортови.

За безбедноста се погрижи МВР чии претставници, заедно со организаторите, го следа караванот со брзина од 20 километри на час.