Градови од Македонија втор ден по ред се на листата на најзагадените во светот. По Куманово, на ред е Скопје.
Вчера Куманово го освои првото место според загаденост во светски рамки. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.
Денеска пак, Скопје од 7-ма позиција утринава, „падна“ на 10 место околу 10 часот.
Дополнителен проблем е што со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена.
Македонија речиси секоја година има проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.