Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи со Ковид-19. Од нив повторно на прво место е бројката на заразени во Скопје каде што има 66 нови позитивни.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 435
• Аеродром – 160
• Бутел – 155
• Гази Баба – 171
• Центар – 139
• Карпош – 157
• Сарај – 153
• Кисела Вода – 118
• Ѓорче Петров – 115
• Студеничани – 101
• Шуто Оризари – 81
• Арачиново – 53
• Илинден – 33
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 2
• Нераспределен- 84.
По главниот град, најмногу заразени има во Тетово – 19, а над 10, односно 15 новозаразени има во Штип. Распределбата на останатите заразени по градови е следната: Куманово – 6, Кавадарци – 4, Прилеп – 3, Ресен – 3, Струга – 2, Велес – 2, Гостивар – 2, Пробиштип – 2, Битола – 1 и Свети Николе – 1.
Денеска починати се четворица пациенти, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.