Набирањата на асфалтот по скопските главни артерии е секојдневна и честа појава. И исто како и ударните дупки кои треба да се “закрпат”, исто така и овие набирања треба да се санираат.
Истите претставуваат многу сериозна опасност за безбедноста на сообраќајот. Најзагрозени се оние кои управуваат мопед а потоа и самите возила кои возејќи по овие набирања на асфалтот лесно го губат својот правец на движење.
Но нормално оваа опасност по улиците Петре Шилегов не ја гледа од својата удобна фотеља или уште помалку ја догледува од својата луксузна вила во Маврово.
Скопјани не памтат попасивен градоначалник од Петре Шилегов, соопшти Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.