Скопје 14. март 2020. / 15:52

Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Мол ќе работат со скратено работно време

Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Мол ќе работат со скратено работно време

Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол од денеска ќе работат со скратено работно време од 11 до 19 часот. Аптеките и маркетите во овие трговски центри остануваат да работат со редовно работно време од 8 до 22 часот.

Како што соопштија од овие трговски центри, тие ги подржуваат сите одлуки и во иднина ќе ги поддржуваат сите донесени одлуки од Владата.

Промената на работното време ќе остане додека Владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата.