Скопје 30. октомври 2018. / 22:53

Шилегов: Загадувањето не се решава со стискање копче

Шилегов: Загадувањето не се решава со стискање копче

Скопскиот градоначалник се брани од нападите на граѓаните и стручната јавност, кои го обвинуваат дека не прави доволно за да се справи со загадувањето . Шилегов смета дека не било само до него, односно немало да се сменат работите ако тој „пронајде копче за да го стопира труењето во воздухот“.

– Комплексно е прашањето за амбиенталниот воздух не може да се реши на начин што градоначалникот ќе го пронајде компчето за да го прекине загадувањето. Мора да се променат и навиките.А и ние како институции да поведуваме мерки што не се до крај популарни- рече Шилегов.

Градоначалникот се бранеше и дека од 39 мерки предвидени против загадувањето , веќе биле реализирани девет за една година. Вториот повик за субвенционирање на пелети го најави за 1 ноември, иако првично беше предвидено пред почетокот на грејната сезона, без образложение зошто се доцни. Во тек била постапка со европската банка за обнова и развој за набавка на новите автобуси, а до сега се чистеле и оџаците на домаќинствата кои се греат на дрва. Тој е оптимист дека зимава ќе може да започне гасификацијата.

– 50 до 70 милиони евра ќе чини гасификацијата да биде доведена до домаќинствата во Скопје. Тоа се само 10 проценти од сумата која претходната власт ја потроши на спомениците- нагласи Шилегов.

Во борбата со загадувањето градоначалникот нагласи дека удел имале и инспекциските служби, кои вршеле засилени контроли и за разлика од лани, изрекле двојно повеќе казни на правни субјекти со Б лиценци.